You are currently viewing Deeper look

Deeper look

Потребни се 2 маладински работници од Македонија за тренинг курс

во Анталија, Турција во периодот

од 4-11 април 2019 година.

„ЕВС надвор од границите“ е тренинг курс за младински работници за разгледување на заедничките проблеми во ЕВС во различни држави и да се развијат и промовираат нови идеи за проекти. Целта е да им се помогне на младите луѓе да бидат повеќе активни и вклучени во подобрувањето на ЕВС сервисот, да го зајакнат разбирањето помешу различните култури и да ги зајакнат регионалните партнерства помеѓу НВО. Тренингот исто така ќе биде можност за учење и вмрежување. Проектот вклучува работилници, симулации и други активности за заедничка работа на учесниците на проекти за млади, европски политики и ЕВС активности.

 

Заинтересирани? Испратете ја вашата кратка биографија и мотивациско писмо (на англиски) на vcs_contact@yahoo.com најдоцна до 25ти Февруари. Насловот на имејлот треба да биде: TC EVS beyond borders