Продолжен рокот за пријавување на Меѓународните Награди за Граѓански Медиумски 2014

Волонтерски Центар Скопје е член на Европската асоцијација Youth4Media Network и ја има честа да го објави повикот за поднесување проекти за 4-та меѓународна награда за граѓански медиуми 2014 година. Секој може да аплицира со видео или аудио материјал. Повеќе информации можете да најдете на овој линк.

Завршниот настан на 4-та меѓународна награда за граѓански медиуми 2014 во Граѓанскиот центар Bennohaus во Минстер (Германија) се одвива во посебен културен настан во декември 2014 година и затоа имаме можност да го продолжиме рокот за пријавување до 30 септември 2014 година. Така да земете ги камерите и микрофоните и да започнете!

Исто така Европската асоцијација Youth4Media мрежа има задоволство да ве информира за својата нова интернет страница www.youth4media.com. Платформата е замислена да биде место за средби за сите меѓународни партнери и за сите луѓе и организации  надвор од мрежата, кои се заинтересирани во ова поле на работа. Новиот дизајн прави полесно да пристапите до тековните видеа, фотографии и статии за проекти кои се сите во кратки верзии на главната страница. Мрежата ги зголеми можностите за споделување на што повеќе информации што е можно преку различни подстраници како фото и видео галерии или описи на проекти од партнерите и вести. Ве покануваме да ја погледнете и да уживате во новите можности на дигитални размени.