Волонтерски центар Скопје бара 8 учесници / волонтери и 1 лидер на групата од Македонија, кои што ќе сакаат заедно со луѓе од Бугарија, Романија, Словачка и од Унгарија да учествуваат во Младинската размена „Brake a leg!“- A1 во Почувадлинско езеро, Словачка

Датум: 3 – 14 април 2020 година

Место: Чата Лодијар, Почувадлинско езеро, Словачка

За проектот:

Овој проект се состои од две активности. Првата активност-А1 ќе се одржи во Словачка, каде 40 учесници ќе можат да ја стимулираат нивната креативност, процес на размислување и учење преку театарски алатки, истовремено стекнувајќи ги основните вештини на театарот и оценување каде ќе се вклопат најдобро за следните фази на проектот. Втората активност-А2 ќе се одржи во Романија, на Црното море во периодот од 28.08-06.09.2020 каде 40 учесници, поголемиот дел учесници и на првиот дел од активноста ќе можат да создадат целосна претстава.

Целите на оваа Младинска размена е да им се даде можност на учесниците да работат во интеркултурен ансамбл, да развиваат компетенции во усното изразување и механизмите за изразување, да развиваат разбирање во психолошката и моралната анализа на карактерот и да ги научат елементите на драматургија и продукција, да се здобијат со вештина да изведат театарска претстава од самиот почеток, во која ќе бидат вклучени сите учесници, да се одигра претставата пред публика во живо и да се сними како продукт за ДЕОР.

Посакуваниот краткорочен исход е успешно да се стимулира креативноста, самопознавањето, самоизразувањето, инклузијата на сите учесниции и да се искористат придобивките од стекнатите вештини и ускуството од подготовката и реализацијата на театарската претстава.

Учесниците…

– треба да бидат од 18-23 години

– 1 лидер на групата, возраст над 18 години

– нема потреба од добро познавање на англискиот јазик

– треба да бидат иницијативни и желни  да учат, да се развиваат и да се подобруваат се со цел да се охрабрат за да земат иницијатива во врска со нивната моментална и идна состојба.

– треба да бидат заинтересирани за театар, како и за режирање, снимање и здружување на елементи на театарската претстава.

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС + програмата, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС + (275 – евра за Македонија). Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

За повеќе детали, проверете го:

За повеќе детали, проверете го Инфо-пакетот и испратете мотивационо писмо одговарајќи на следниве прашања:

Кој сте вие? Колку години имате? Зошто сакате да учествувате? Како ќе придонесете за проектот?

… И CV (на англиски) на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање:  6.3.2020