Волонтерски Центар Скопје бара 3 Македонци коишто сакаат да учествуваат заедно со млади луѓе од Германија, Турција, Романија, Португалија и Холандија на Тренинг Курсот „SAILVAN“ во Анталија, Турција.

 

Место:

Анталија, Турција

Датум:

22.09. – 30.09

 

За проектот:

Проектот е фокусиран на деветдневен тренинг курс (вклучувајќи ги и деновите на патување) на кризата со избеглиците, којашто главно е забележана во земјите од Европската Унија во последните неколку години. Овој тренинг курс ќе даде можност на 27 луѓе од 8 различни Европски Земји да бидат едуцирани, ги споделат нивните знаења и ја обработуваат темата на избегличката криза којашто е екстремно значајна во денешницата.

Учесниците…

  • Треба да имаат над 18 години
  • Мора да се од Македонија
  • Треба добро зборуваат Англиски јазик

 

Проектот е финансиран од ERASMUS+, такашто сите патни трошоци ќе бидат надокнадени според ERASMUS+ регулациите (275 евра за Македонија). Сместување и храна ќе бидат обезбедени.

За повеќе детали проверете го Инфо пакетот!

 

 

Аплицирај сега: Прати мотивациско писмо одговарајќи ги следниве прашања:

Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како сакаш да допринесеш кон овој проект?

… и CV  (на англиски) до: vcs_contact@yahoo.com

 

!!! Краен рок за аплицирање: 21.08.2019!!!