Волонтерски Центар Скопје бара двајца младински работници од Македонија кои би сакале да учествуваат заедно со млади луѓе од Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Франција, Грција, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Шпанијаи од Турција на тренинг-курсот: “Theater tools for dramatic situations” што ќе се одржи во Монтеору и Бузау, Романија.

 

Место: Монтеору и Бузау, Романија
Датум: 07.05-15.05.2020

 

За проектот:
“Theater tools for dramatic situations” е тренинг-курс што спојува 34 учесници и 5 експерти од 17 европски земји. Активностите ќе се одржуваат во Сарата, Монтеору и во Бузау во периодот од 7-15 мај 2020.

 

Цели:

 

  1. Подигнување на нивото на свест за 34 младински работници од 17 земји за потребата од културен диверзитет, еднакви можности и дискурс против говорот на омраза со цел да се зголемен капацитетот на учесниците околу темите за социјална интеграција на мигрантите во нивната локална заедница.
  2. Да развиваат нови социјално – граѓански и културно-уметнички концепт со цел овие 34 младински работници од 17 земји да можат да се справат и да елиминираат конфликти меѓу поголеми групи на мигранти.
  3. Да се подобри квалитетот и ефикасноста на работата на младинските работници со цел да бидат способни да изнајдат решенија за ситуации врзани со културната дискриминација на мигрантитe, краткотрочно за една недела, а долгорочно за шест месеци.

 

Предвидени се 3 меѓукултурни средби-сесии, 5 сесии со претставување на тематски воведи базирани на подготовка, фаза на средување документации и шест обемна ДРАМА работилници поделена во 3 под групи/форуми: театар, доделување улоги, потоа истите улоги што ќе бидат доделени ќе се одиграат како сценарија, финалните продукти ќе бидат презентирани на сцена во Базау. Дневна евалуација на активностите, меѓусебно договарање и преговарање околу целиот процес со интермедијација и финално рефлектирање во групи и пленарно. ДРАМА работилниците ќе произведат 2 форум претстави, 6 сцени и една претстава каде учесниците активно ќе превземат улоги и физички ќе ги одиграат тие сценарија.

 

Профил на учесници:

 

  • двајца младински работници
  • над 20 години старост
  • веќе активни или желни за работа со мигранти
  • добар англиски – Б2 минимум
  • активно учество на сите сесии и дисеминациски фази по проектот
  • тимски играч и можност да ги употреби резултатите по мобилизацијата во нивната организација и локална заедница.
  • можност за целосно учествување во програмата од почеток до крај

 

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС + програмата, така што сите патни трошоци (до 275 евра за Македонија) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и сместувањето се обезбедени. Задолжителна е уплата од 15 евра што треба да се изврши во готово за време на тренинг-курсот.

 

 

Апликација:
Аплицирај сега: Испрати CV и мотивационо писмо НА АНГЛИСКИ, одговарајќи на следните прашања: Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како ќе допринесеш за проектот?
на vcs_contact@yahoo.com

 

Краен рок за аплицирање: 12.03.2020