Подобрувањето на трансверсалните способности е една од темите на кои се става најголем акцент во последните години, со оглед на потребата која се пројавува низ годините и  работното искуство.
“Boosting Transversal Skills“ (BOOTS) е налсов на проект во рамки на КА1, Еразмус+ програмата, кој цели кон промоција на образувањето на младите, волонтерите, и стручните лица кои работат на полето на младинска работа. Во периодот февруари – декември 2018 година мрежата имплементира 3 поврзани активности.

Волонтерски Центар Скопје, во моментот ја реализира третата активност во Струга, која е пет дневен семинар, кој започна на 16-ти септември и ќе трае до 22-ри. ВЦС е домаќин на 28 учесници од Германија, Словенија, Босна и Херцеговина, Косово и Македонија.

Прва активност која беше реализирана во рамки на проектот беше три дневен семинар во Кент, ОК, втора активност беше младински камп на Илиџа, Босна и Херцеговина и третата во моментот ја одомаќинуваме ние.

Третиот дел од проектот ги доживува своите последини денови. Учесниците се сметени во Струга каде работат со различни методологии како:работилници, дебати, презентација и посета на локални НВО. Учесниците се импресионирани од убавините на државата особено од Струга и Охрид и секако Охридското езеро. Групата ги подобрува своите трансверсални способности и дискутира за слични проекти во иднина. Едно нешто е сигурно, меките-вештини се изградени!

Проектниот конзорциум е составен од: апликантот, основан во Берлин, Memos, заедно со себе како партнери во овој проект се и: Institute for Youth Development KULT од Сарево, Босна и Херцеговина, International BURCH University и IDEGO исто така од БиХ, Волонтерски Центар Скопје, Mladinski Center Velenje (Словенија), Ligo Lex Legis од Приштина, Косово,  Udruga Mladih Roma “Romska Budućnost” од Риеака, Хрватска, и Medway Youth Trust од  Кент, ОК.

 

Проектот е финансиран од Еразмус+  и Германска Национална агенција.

 

Никола Станкоски