You are currently viewing Повик за тројца ЕВС волонтери во Словенија. Побрзајте!

Повик за тројца ЕВС волонтери во Словенија. Побрзајте!

Словенија, Љубљана градот на Плечник и на Прешерн. Од Балканот до Западна Европа.

Повик за тројца ЕВС волонтери во Љубљана на возраст од 18 до 30 години во периодот од 17ти октомври 2018 до 15 септември 2019 година.

Волонтерите треба да имаат интерес за работа со деца со посебни потреби и исто така да придонесат во една од следните активности: спорт/ односи со јавноста/ попладневни активносите за грижа на корисниците.

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк Infopack for volunteers

Доколу сте заинтересирани да бидете дел од овој проект кој е дел од Еразмус + програмата и на кој ќе ви бидат покриени трошоците за пат, сместување и ќе добивате надоместок за храна и за живот во Љубљана, на кој ќе бидете осигурани и ќе добиете едно неверојатно животно искуство а од вас се бара посветеност на работа, испратете ваша кратка биографија и мотивационо писмо на vcs_contact@yahoo.com најдоцна до 21ви август 2018 до 16.00 часот.

Погледнете го светот со други очи и ги очекуваме вашите пријави.

Волонтерски Центар Скопје