Младинците на денешното општество, живеејќи во динамична средина дел од работите кои се одвиваат во околината  на младите им оставаат прашалници во нивните глави.

Во текот на реализацијата на проектот „Без расправање“ младите ги истакнаа прашалниците во нивните глави поврзани со човековите права и различните култури кои кохабитираат во нашата земја.

Како организација која е посветена на работа со млади и нивно обучување, организиравме дебата со наслов „Човековите права низ призмата на различните култури“ во рамки на истиот проект. На дебатата се обидовме подлабоко но сепак прилагодено на возраста на младинците да го објасниме начинот на взаемно функционирање на човековите права и нивно прифаќање од страна на културите.

Преку запознавање со основите на човековите права, и правење на оска од почетокот на создавањето на човековите права па се до Универзалната декларација за човекови права, М-р Мирослава Џаџева ги донесе поблиску човековите права до младинците од Гостивар и Скопје.

Од друга страна, стекнатото искуство преку долгогодишна работа на интеркултурниот живот во Македонија како и стекнатото искуство како извршен директор на Интеркултура, Зоран Велковски, придонесе за пластично донесување на маса на човековите права и како тие функционираат во различните култури.

На крај дојдовме до заклучок дека човековите права треба да се прилагодат на различните култури преку соодветно познавање на културата и израмнување на човековите права на културните вредности на одредена култура со цел нивно полесно прифаќање од страна на културата.

 

 

 

 

Вафире Мухареми

 

Проектот „Без расправање“ финансиски е поддржан од Фондација отворено општество Македонија.