„ТrainVol“ национални работилници

„ТrainVol“ е европски проект за градење на капацитетите на младите и младинските организации преку волонтерството. Проектот е реализиран од конзорциум од 4 организации од БиХ, Македонија, Кипар и Грција.

Во рамки на активностите на проектот предвидено беше одржување на национални рабтилници од страна на учесниците на 4-те мобилности реализирани во текот на проектот.

Волонтерски Центар Скопје, со своите учесници на проектот, младинските лидери/работници на 12-ти и 13-ти мај одржа националана работилница за градење на капацитетите на младите. Дводневната работилница имаше за цел промовирање на волонтерството како алатка со која се комбинираат неформалното и информалното учење и градење на капацитетите за граѓанска вклученост, активно граѓанство и социјална инклузија. Да се помогне на младите луѓе да се активираат, волонтираат, и да бидат носители на позитивни општествени промени. Како и да се зајакне мотивацијата и сигурноста во улогата на волонтер.

На работилниците покрај споделувањето на искуствата и практиките од партнерските земји, Бих, Кипар и Грција, младите учесници имаа можност да ги надоградат своите капацитетите преку онлајн курсот за градење на капацитетите на младите.

 

Курсот, е составен од 4 модули составени од 4 целини. Модулите ги обработуваат следните теми: Волонтерство, комуникациски вештини, предизвици при комуникација, емпатија и издржливост. На крајот на курсот учесниците решаваа тест во форма на квиз кој е дел од онлајн курсот за на крај да добијат електронски сертификат кој е исто така дел од курсот.

Покрај електронскиот сертификат учесниците се стекнаа и со Youthpass сертификат.
Активното учество на учесниците во текот на работилниците придонесе за плодни и успешни работилници кои вродија со понатамошна соработка со учесниците на проектот.

Горан Адамовски