Волонтерски Центар Скопје на 29-ти мај 2018 година во просториите на ЕУ Инфо центар заокружи двегодишен проект со национална завршна конференција. Проектниот циклус на „TrainVol“, европски проект реализиран од конзорциум од 4 организации од 4 различни земји, чија цел е  да се развијат алтернативни механизми за промоција на вештини и вклучување на пазарот на трудот нa младите луѓе (со посебен осврт на ранливи категории) преку волонтерството.

Националната завршна конференција имаше за цел да ги промовира постигнатите резултати и да обзебеди простор за дискусија и понатамошна соработка помеѓу присутните. Покрај директорот на Волонтерски Центар Скопје, Никола Станкоски на конференцијата се обратија и преставничките на Националана Агенција за европски образовни програми и Агенцијата за Млади и Спорт, Снежана Симоновска и Александра Дичевска.

  

Предизвиците, можностите и новите проекти кои се секојдневно задоволство и работа на организациите беа споделени со присутните гости. Меѓудругото, најавен беше и проект кој како идеја произлегол од самата студиска посета на Агенцијата за млади и Спорт од страна на 8-те учесници на студиските посети во рамки на проектот. Посетени беа институции и организации во Босна и Херцеговина, Република Македонија, Грција и Кипар.

Проектот „TrainVol“ направи симбиоза на капацитетите и специјализациите на четери невладини организации: Буди ми пријател, Волонтерски Центар Скопје, КМОП и КАРДЕТ, која вроди со онлајн платформа со два курса. Првиот курс, градење на капацитетите на младинските работници и вториот, градење на капацитетите на младите имаат за цел да ги оспособат двете страни, волонтерот и волонтерската организација,  во организираното волонтирање, за квалитетна работа.

На завршната конференција доделени беа сертификати на младите кои учествуваа на националните работилници за градење на капацитетите на младите луѓе.

Конференцијата заврши со плодна дискусија која произведе квалитетни идеи за проекти и идни соработки.

Последна дестинација на бродот  “TrainVol”? – Региионална завршна конференција во Сараево!

Повеќе детали за самиот проект и сите активности очекувајте во новото издание на „VOICES“ , на 4-ти јуни!

Автор: Горан Адамовски