You are currently viewing (Македонски) Повик за учесници на Летен камп „ИнКоИн“ во Струга

(Македонски) Повик за учесници на Летен камп „ИнКоИн“ во Струга

Почитувани,

Волонтерски Центар Скопје во периодот од 1 јули до 30 ноември ќе го реализира проектот „Без расправање“ во три мултиетнички општини во Македонија, Скопје, Струга и Гостивар. Главна цел на проектот е да ја зголеми свесноста на младите за важноста на интеркултурната комуникација и интеракција. Имено, проектот ќе овозможи интензивна и блиска интеркултурна комуникација и интеракција помеѓу младите средношколци, спознавање на различните културни вредности и традиции и нивно прифаќање. Волонтерски Центар Скопје во рамки на проектот ќе реализира Летен камп „ИнКоИн“ ( Интеркултурна комуникација и интеракција) за млади од 16 до 18 години, за таа цел објавува: ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ЛЕТЕН КАМП „ИнКоИн“.

Летниот камп ќе се одржи во Струга, од 1-ви до 7-ми август 2018 година. Во рамки на петдневниот камп ќе бидат релаизирани модули за:
1. Комуникакција и активно слушање,
2. Интеркултурна комуникација,
3. Емпатија,
4. Интеркултурен дијалог
5. Врсничка едукација, подготовка на работилници за врсничка едукација.

Услови и начин на пријавување:
-Да се биде на возраст помеѓу 16-18 години;

-да се биде жител на еден од следните градови: Гостивар, Скопје и Струга;

– отворени за интеркултурно учење;

Вашиот интерес за учество на Летниот камп пријавете го со пополнување на следната апликациона форма: https://goo.gl/forms/es50t44rlXBWStg92  , најдоцна до 20.07.2018.

Селектираните учесници ќе бидат контактирани по електронски пат преку е-маил на 23.07.2018 година.

Организаторот ќе ги покрие патните и трошоците за хотелско сместување на учесниците.

Подетални информации за Летниот камп може да најдете на следниот линк: Повик за учесници на Летен Камп „ИнКоИн“ .

Во очекување на вашите пријави, секое добро.

Со почит,

Тимот на ВЦС

Проектот е финансиран од Фондација Отворено општество Македонија.