Дали си лидер/ка? Дали си заинтересиран/а за интеркултурна работа?

Дојде времето да се пријавиш за проектот „The time is now – Intercultural learning dialogue as a tool for new leaders”. Ќе бидете дел од меѓународна група со луѓе од Бугарија, Романија, Македонија, Грција, Чешка и Турција.

Ќе бидете во можност да разменувате идеи и да наушите нови алатки и методи за да ги подобрите вашите капацитети во тимската работа, лидерството, решавањето на проблеми и менаџирањето на конфликти.

Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници и двајца лидери на група на возраст од 18 до 27 години на кои ова ќе им биде прва младинска размена.

Проектот ќе се одржи во Мугла, Турција од 25ти април до 3 мај 2019 година.

Заинтересирани?

Испратете ваша кратка биографија и мотивационо писмо на vcs_contact@yahoo.com најдоцна до 22ри јануари 2019 година, 16.00 часот.