You are currently viewing (Македонски) Акција за реновирање на спортско детско катче во ПОУ „Златан Сремец“

(Македонски) Акција за реновирање на спортско детско катче во ПОУ „Златан Сремец“

Волонтерски центар Скопје и АСПЕКТ денес ја реализираа преземената иницијатива за реновирање на детското спортско катче при ПОУ „Д-р Златан Сремец“.

При реализација на проектот „Европската недела на спортот“ увидено беше дека училиштето ПОУ „Д-р Златан Сремец“ нема соодветни услови за спортски и рекреативни активности на младите. Овој предизвик беше зародиш на идејата на ВЦС и АСПЕКТ да преземаат иницијатива преку волонтерски акции и донации да помогнат во реновирање на спортското детско катче во училиштето.

Поддржани од Црвен Крст, Општина Кисела Вода и Агенцијата за млади и спорт денес се спроведе акција за чистење на дворот и предвидениот простор за спортско катче.

 

Во акцијата активно учество зедоа околу 100 луѓе, домашни и странски волонтери кои своето време и труд го вложија доброволно во создавање на додадена вредност во локалната заедница.

Реализацијата на детското катче не завршува тука. Во следниот период ќе започне реконструкција на спортското катче и негово целосно опремување по сите стандарди.

 

Вафире Мухареми