Волонтерски Центар Скопје е невладина организација формирана во 2006 година, од
страна на поранешни ЕВС волонтери. Нашите главни активности вклучуваат промоција на
волонтерството, неформалното образование, активно граѓанство, кариерна ориентација и
развивање и градење на капацитетите на младите, креирање и развој на младински
политики и стратегии, имплементација на законот за волонтерство во Република
Македонија. Главната цел на Волонтерски Центар Скопје е поврзување на младите луѓе
на еднакви основи, без оглед на нивниот национален, расен, религиски, политички и
економски статус.

Нашата организација располага со акредитација за испраќање и примање на ЕВС
волонтери, со референтен број EVS: 2014-1- MK01-KA110- 000293 (ЕВС или Европски
Волонтерски Сервис е дел од програмата на Еразмус +.Во изминатите 12 години,
Волонтерски Центар Скопје е мошне активен во промовирањето на волонтерскиот дух,
помеѓу младите луѓе во Република Македонија. Ние досега имаме испратено преку 350
млади лица на ЕВС во земјите од ЕУ и сме биле домаќини на повеќе од 250 ЕВС
волонтери, од најразлични ЕУ земји, на краток или подолг престој. Волонтерски Центар
Скопје, Повеќе од 4000 млади досега беа вклучени во повеќе од 60 проекти кои сме ги
организрале во Македонија од типот на младински размени, обуки семинари, студиски
посети но и на голем број партнерски проекти во организирани во регионот и ЕУ
поддржани од страна на Европската Комисија преку програмата Млади, Млади во Акција
и Еразмус+, кои индиректно и директно беа поврзани со промоција на волонтерството и
неформалното образование.
ВЦС Скопје е основна членка на Коалиција на младиски организации СЕГА како и
регионална канцеларија на СЕГА во Скопје преку кој се спроведуваат голем број на
младински политики и иницијативи, исто така ВЦС е член на Сојуз за младинска работа
на РМ, Коалицијата за медиумска писменост, меѓународната мрежа Youth4 Media E.V.,
The European Peer Training Organisation (EPTO) и други мрежи.

ВИЗИЈА:
Волонтерски Центар Скопје како активен, признаен и влијателен актер и партнер во
општеството кое нуди еднакви можности и пристапи за подобрување на животниот
стандард на младите луѓе

МИСИЈА:
ВЦС Скопје како активен понудувач на информации и можности за волонтерство и
неформална едукација,како на локално така и на меѓународно ниво, приближувајќи ги
Европските фондови и програми до младите и нивно вклучување во процесите на
донесување на одлуки и младинското информирање.